сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 91
home Фудбал

Сите му се смеат: Поранешен играч на Барселона си го промени името

Сите му се смеат: Поранешен играч на Барселона си го промени името

Јоан Роман, кој своевремено играше за резервите на Барселона, го смени името во Гоку.

Имено Гоку е познат лик од анимираниот цртан филм „Драгон бол“ и интересно е што Роман реши да се нарече така. Роман очигледно израснал со „Змејската топка“ и хит цртан филм од Јапонија, кој беше популарен во скоро секоја земја во светот.

Тој веќе го смени своето име на Инстаграм и ги објасни причините што го доведоа до овој очигледно „луд“ избор, но кој крие безброј значења.

-Благодарен сум на Јоан за она што го живеев, за сите позитивни работи што ми ги остави, но сега сум Гоку. Го избрав ова име затоа што се чувствувам идентификувано со она што го претставува: упорност, емпатија, пречки во растот на лицето, светлина и позитивност. Барам само почит, како што многу луѓе ми покажуваат. Секогаш во движење, секогаш напред , напиша Роман.

Гоку моментално игра во Полска, а потекнува од Манчестер Сити. Оваа сезона тој постигна три гола со три асистенции на пет натпревари во дресот на Миџ Легница.

Извор: SportClub

Коронавирус