петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 67
home Фудбал

Сите му се смеат на Нејмaр: Бразилецот на погрешен клуб му ја честиташе титулата (ФОТО)

Сите му се смеат на Нејмaр: Бразилецот на погрешен клуб му ја честиташе титулата (ФОТО)

Најскапиот светски фудбалер Нејмар синоќа го загуби финалето во ЛШ со својот ПСЖ, откако Баерн Минхен победи со 1-0 во завршната пресметка за „големите уши“ во Лисабон, па бразилската суперѕвезда го зема телефонот за јавно да им честита на Баварците, ама…

Нејмар наместо на Баерн му упати честитка на Баер Леверкузен и експресно се најде на мета на сеирџиите и на светската јавност, кои почнаа да го измејуваат извонредниот фудбалер

„Поразот е дел од спортот, се обидовме сè, се боревме до крајот. Им благодариме на сите за поддршката и честитки за Баер“, напиша Нејмар.

Се јавија и од Леверкузен со збунето смајли на објавата и честитката кон нив, а потоа со урнебесна реакција се „заблагодарија“.

На шпански му порачаа на Нејмар да не го меша вујкото Баер со Баерн, туку требало обратно да направи.

„Нејмар на вујкото Баер му честита и кога е на одмор. Биди како Нејмар“, напишаа од Леверкузен

Коронавирус