недела, 26. јуни 2022. Вести денес: 14
home Фудбал

Сите цифри од мега-трансферот на Халанд: Богатство и за таткото и за агенцијата на Раиола

Сите цифри од мега-трансферот на Халанд: Богатство и за таткото и за агенцијата на Раиола

Трансферот на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд во Манчестер Сити е веќе завршена работа, минати се и лекарските прегледи и се чека само на официјална потврда од „граѓаните“ дека токму Норвежанецот ќе биде нивното главно засилување за наредната натпреварувачка сезона.

Веќе познато е дека висината на трансферот изнесува 75 милиони евра, сума што беше наведена во клаузулата при самото доаѓање на Халанд од Салцбург во Борусија, но реалноста е дека Сити ќе плати многу повеќе за осигурувањето на потписот на овој врвен голгетер.

Халанд ќе заработува 40 милиони евра по сезона во наредните пет години, што ќе го направи најплатен фудбалер во Премиер-лигата. Покрај тоа, Норвежанецот ќе има и богати бонуси поврзани со бројот на голови, аситенции и освоени трофеи со „граѓаните“, што сигурно дополнително ќе ја зголемат неговата плата.

Таткото на голгетерот, поранешниот фудбалер на Сити, Ал-Инге Халанд, ќе заработи 30 милиони евра за успешно финишираните преговори. Агенцијата на Мино Раиола, кој почина неколку дена пред финализацијата на трансферот, ќе добие 50 милиони евра, од кои 40 милиони од Манчестер Сити, а десет милиони евра од Борусија Дортмунд, на име на „лојалноста на Халанд додека го носеше дресот на германскиот клуб“.

Коронавирус