вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 156
home Фудбал

Синот на Рејес игра за Реал Мадрид, а головите ги посветува на неговиот загинат татко

Синот на Рејес игра за Реал Мадрид, а головите ги посветува на неговиот загинат татко

Хозе Рејес Лопез, синот на легендарниот фудбалер Хозе Антонио Рејес, е главен играч во Реал Мадрид У-12. Тој синоќа постигнал дури четири гола во финалето на турнирот за таленти на Ла Лига – La Liga Promises во Катар.

Севиља водела 2-0 против Реал, но малиот Рејес постигнал еден во прво и уште три гола во второ полувреме. Третиот гол му бил фантастичен, од слободен удар од далечина.

После овој гол со кој го комплетирал хет-трикот, ги кренал рацете кон небото како посвета за татко му:

Другите три гола исто ги прославил со симболика: со рацете направил срце и покажал кон мајка му и ја покажал раката на која татко му имал тетоважа со неговото име.

Реал Мадрид победил 5:3, а Рејес го прогласиле најдобар играч на целиот турнир. Тој давал голови против Ал Џазира во групата и против Еспањол и Виљареал во плејофот.

Мајка му му помогнала да ги држи сите пехари кои ги добил

Пред финалето, капитенот на Севиља У-12 му подарил на Рејес-јуниор дрес со презимето на татко му и бројот 10. Легендарниот Хозе Антонио Рејес фудбалската кариера ја почна токму во Севиља и дури 3 пати освои Лига Европа со овој клуб. Играше уште и во Реал Мадрид, Арсенал, Бенфика, Екстремадура и Кордоба.

Хозе Антонио Рејес загина во тешка сообраќајна несреќа на 1 јуни на патот од Севиља кон Утрера. Дента кога се случила несреќата, малиот на Инстаграм напишал трогателен пост за татко му:

„Ова е нашата последна средба која што ја поминавме заедно, тато… Дента ми даде совет, како и секогаш. Но денес ти замина и никогаш нема да се вратиш. Ова е многу тажен ден за мене! Не поминавме заедно толку време колку што сакавме. Само јас и ти знаевме колку се сакавме еден со друг!

Знам дека од небото ќе ме чуваш, а јас никогаш нема да те заборавам! Те сакам, тато!“.

Хозе-јуниор во јуни преминал во тимот Реал Мадрид У-12 од Леганес каде претходно ја освоил титулата во својата возрасна категорија и станал најдобар стрелец во првенството.

Флорентино Перез ветил дека ќе се грижи за Хозе додека наполни 18 години.

„Малиот не треба за ништо да се грижи“, му рекол Перез на новинарот Кристобал Сорија во еден личен разговор.

Инаку Рејес-јуниор во првиот меч за Реал Мадрид У-12 исто така постигнал гол и му го посветил на татко му:

Коронавирус