вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Фудбал

Синиша Михајловиќ на клупата на Јувентус?

Синиша Михајловиќ на клупата на Јувентус?

Италијанскиот фудбалски клуб Јувентус многу лесно би можел да тргне во потрага по нов тренер, бидејќи е се поизвесно дека Андреа Пирло ќе си замине по крајот на сезоната. Очајната сезона за Јувентус не е готова и се уште е прашање дали „Старата дама“ ќе избори пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

„Газета дело Спорт“ смета дека главни кандидати за тренер на Јувентус се Зинедин Зидан, Синиша Михајловиќ и Масимилијано Алегри “.

Зидан освои голем број трофеи со Реал, а посебен белег остави во ЛШ, па по „Кралевите“, би можел да преземе уште еден клуб во кој се прослави како играч. Иако играше за Интер, Михајловиќ кој сега ја води Болоња, многу лесно би можел да стане наследник на Пирло.

Според информациите управата на Јувентус веќе го контактирала Михајловиќ и со него е направен разговор.

ЕУРО 2020

Македонија