сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 64
home Фудбал

Симеоне воодушевен од играч на Баерн: Последен пат ја загубил топката кога му додал на својот син!

Симеоне воодушевен од играч на Баерн: Последен пат ја загубил топката кога му додал на својот син!

Диего Симеоне во ексклузивното интервју за „Оле“ откри дека цели три часа се понадевал дека Лионел Меси може да му се приклучи во Атлетико Мадрид изминатово лето, но покрај тоа што говореше за сонародникот кој заврши во ПСЖ и за својот Атлетико Мадрид, популарниот Чоло излезе и со искрена изјава за тешкиот пат кој треба да се изоди за да се освои титулата во Лигата на шампионите.

Симеоне на двапати ја освои Ла Лига како тренер на Атлетико Мадрид, но тој и самиот смета дека фудбалот му должи една работа во тренерската кариера, бидејќи во два наврати губеше во големото финале во Лигата на шампионите, и тоа од ист противник.

Реал Мадрид на двапати му го скрати сонот наречен титула во најелитното натпреварување, кое Чоло смета дека е се потешко за освојување од година во година. Симеоне наброја неколку фаворити за оваа сезона, но со една изјава за играч на Баерн Минхен, јасно стави до знаење дека е заљубен во неговите квалитети.

– Лигата на шампионите е претешко натпреварување за да се освои. Тука е Манчестер Сити кои вложи милиони за да ја освои, но се уште ја нема во своите витрини. Тука е Ливерпул, тука е ПСЖ кој создаде неверојатна група од големи ѕвезди.

– Го гледате и Јунајтед кој е се посилен, а тука е и Баерн кој сите знаеме како игра. Во Баерн сите одат во напад, сите знаат да ви дадат гол. Речиси никогаш не ја губат топката и го имаат Кимих. Единстен и последен пат кога ја загубил топката е најверојатно она кога му додал на својот син да си игра во домот, – порачува Симеоне.

Коронавирус