недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 178
home Фудбал

Симеоне: Сите загубивме од заминувањето на Меси и Роналдо од Ла Лига

Симеоне: Сите загубивме од заминувањето на Меси и Роналдо од Ла Лига

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне зборуваше за трансферите на Лионел Меси од Барселона во ПСЖ и на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус, а потоа и во Манчестер јунајтед.

-Сите загубивме од заминувањето на Меси и Роналдо од лигата. Го дадоа својот максимум 100 проценти многу години, играјќи за своите тимови во шпанското првенство. Лигата мора да расте и да се развива без нив. Мислам дека темпото на шпанскиот фудбал опадна, го цитира Симеоне„ Ел Паис“.

По осум кола од шпанското првенство, Барселона е на 9. место со 12 бода, Реал Мадрид со 17 бода е во водство во поредокот.

Коронавирус