Фудбал

Симеоне сака Атлетико да го ангажира Ромеро од Тотенхем

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изјави дека клубот сака да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ромеро.

Симеоне сака Атлетико да го ангажира Ромеро од Тотенхем

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изјави дека клубот сака да го ангажира фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ромеро.

– Дали го сакам Ромеро? Секако! Тој е одличен играч, изјави Симеоне за шпанските медиуми.

Дваесет и седумгодишниот Ромеро има уште две години од договорот со Тотенхем. Минатата сезона тој одигра 26 натпревари, постигна еден гол и две асистенции.

Атлетико Мадрид во моментов се наоѓа во САД на Светското клупско првенство. Во првото коло, Атлетико беше убедливо поразен (0:4) од Пари Сен-Жермен.

To top