понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 76
home Фудбал

Симеоне прогласен за најдобар тренер на деценијата според ИФФХС

Симеоне прогласен за најдобар тренер на деценијата според ИФФХС

Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (ИФФХС) го прогласи предводникот на Атлетико, Диего Симеоне за најдобар тренер од 2010 до 2020 година.

Педесетгодишниот Аргентинец, веќе беше прогласен од страна на ИФФХС за најдобар тренер во 2016 година.

Второто место му припадна на сегашниот тренер на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, додека трет е Јирген Клоп од Ливерпул.

Атлетико Мадрид предводен од Симеоне, стана шампион на Шпанија во сезоната 2013/14, двапати ја освои Лигата на Европа и двапати стигна до финалето во Лигата на шампионите.

Коронавирус