среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 75
home Фудбал

Симеоне не се плаши од ништо

Симеоне не се плаши од ништо

Шефот на стручниот штаб на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ги сподели своите очекувања за финалето на шпанскиот Супер куп. Во решавачкиот натпревар неговиот тим ќе се сретне со Реал Мадрид.

– Момците живеат во надеж, сакаат да постигнат резултат. Мојата енергија доаѓа од моите играчи. Кога гледам како моите играчи се однесуваат, не се плашам од ништо. Очигледно, со текот на годините, станувате подобри со учење од сè што ви се случувало низ годините. Мислам дека ова важи и за животот и за фудбалот, изјави Симеоне.

Атлетико во полуфиналето на шпанскиот Супер куп кој се игра во Џеда (Саудиска Арабија) во четвртокот на победи Барселона со 3:2 и избори финале во кое ќе се сретне со Реал Мадрид (утре во 19 часот).