среда, 22. мај 2019. Вести денес: 4
home Фудбал

Симеоне: Еден ден ќе се вратам во Интер

Симеоне: Еден ден ќе се вратам во Интер

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне верува дека во иднина ќе го води Интер, објави „Радио Анчио Спорт“.

Аргентинскиот стручњак настапуваше за тимот од Милано во периодот од 1997 до 1999 година.

Симеоне играше 84 натпревари за Интер, постигна 14 гола и даде три асистенции. Го освои Купот на УЕФА во 1998година.

– Јас смирено доаѓам секој ден на работа. Имам уште една година со сегашниот клуб Атлетико, и досега сè оди многу добро. Веќе зборував за моето можно враќање во Интер 2000 пати. Нема смисла да се каже нешто друго освен фактот дека еден ден тоа дефинитивно ќе се случи, изјави Симеоне.

МИА