понеделник, 19. ноември 2018. Вести денес: 12
home Фудбал

Симеоне: Би го избрал Меси пред Роналдо

Симеоне: Би го избрал Меси пред Роналдо

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се вклучи во расправата за тоа кој е подобар фудбалер меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо, при што се одлучи за својот сонародник кој игра за Барселона.

– Кога меѓу нив двајца би избирал, тоа сигурно би бил Меси, нагласи Симеоне.

Меѓутоа, новинарите го потсетија тренерот на Атлетико на една неодамнешна негова изјава, кога тoј рече дека Роналдо е подобар.

– Да, така реков. Но кога би бирал меѓу нив двајца не од перспектива кој е најдобар на светот, туку кој подобро би се вклопил во мојот тим. За нормален клуб со нормални играчи Роналдо е подобар, додека во средина со врвни играчи Меси е подобар од Роналдо, наведе Симеоне.

По трансферот на Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус, двајцата фудбалери првпат по девет години оваа сезона нема да се натпреваруваат во иста лига.

МИА