сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Силва го напушта Сити по крајот на договорот

Силва го напушта Сити по крајот на договорот

Давид Силва ќе ја напушти Премиер лигата во 2020 година, откри самиот фудбалер на Манчестер Сити. Во јуни истекува договорот на Шпанецот со „граѓаните“, и тој демонстрира решителност дека нема да продолжи со тимот. Напаѓачот ја отфрли можноста да игра за друг тим во шампионатот.

– Кога ќе истече мојот договор со Сити, ќе имам 34 години. На овие години веројатно ќе сакам да правам нешто друго. Не знам што ќе правам, но нема да играм за друг тим во Англија. Имаме осум успешни години во кои игравме многу привлечен фудбал. Англиските фанови го сакаат овој тип на игра, па јас сум среќен тука, изјави Силва за „Скај Спорт“.

Во последните осум сезони во дресот на Сити, Силва постигна 61 погодок и направи 15 асистенции во 346 натпревари. Тој му помогна на Манчестер да освои три титули, еден ФА Куп и три Лига Купови од 2010 година досега.

Коронавирус