петок, 16. април 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Силекс противник на Академија Пандев во финалето на Купот на Македонија

Силекс противник на Академија Пандев во финалето на Купот на Македонија

Фудбалерите на Силекс ќе играат во финалето на Куп на Македонија, откако попладнево во полуфиналето ја совлада Струга Трим Лум со 1:0. 

Стрелец на победничкиот гол за гостинскиот тим беше Ристе Каракамишев во 81. минута.   

За Силекс ова е четврто куп-финале, Струга остана без својот прв пласман во завршницата. 

Противникот на кратовски Силекс во мечот за трофејот на 19-ти мај ќе биде струмичка Академија Пандев, која вчера на гостински терен ја совлада Македонија ЃП со 3:1.

Коронавирус