сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 92
home Фудбал

Силекс ќе игра против Карабах во Азербејџан во квалификациите за ЛШ

Силекс ќе игра против Карабах во Азербејџан во квалификациите за ЛШ

Силекс го доби Карабах за противник во првото коло од квалификациите во Лигата на шампионите, ждрепката одреди натпреварот да се игра во Азербејџан.

Попладнево во Нион беа излевчени паровите за провото коло од квалификациите во Лигата на шампионите. Македонскиот претставник Силекс за противник го доби незгодниот тим на Карабах.

Оваа сезона, се игра само еден натпревар а а ждрепката одлучи Карабах и Силекс силите да ги одмерат во Азербејџан на 18/19 август.

Секако поради пандемијата на коронавирус постои можност натпреварот да се игра на неутрален терен.

Коронавирус