четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 110
home Фудбал

Сидорф го презема Депортиво

Сидорф го презема Депортиво

По убедливиот пораз од Реал Сосиедад (0:5), раководството на Депортиво Ла Коруња го отпушти тренерот Кростобал Парал, а името на неговиот наследник веќе е познат. Се работи за Кларенс Сидорф, поранешен играч на Милан.

Холанѓанецот како тренер ги водеше само „росонерите“ и кинески Шенжен, а сега ќе има тешка задача – да го спаси Депортиво од испаѓање од Примера.

Како што објавија повеќе медиуми од Шпанија, Сидорф е еден од многуте тренери со кои преговарале Депортиво, но се чини дека е единствениот кој е подготвен да го прифати предизвикот и да преземе тим кој има само четири победи, пет нерешени и 13 порази во зоната на испаѓање, со 17 поени од 22 одиграни мечеви.

Сидорф ја освои Лигата на Шампионите со Ајакс, Реал и двапати во дресот на гигантот од Милано, на чија клупа беше кратко во 2014 година.

Коронавирус