вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 129
home Фудбал

Шведски милијардер сака да го купи Арсенал

Шведски милијардер сака да го купи Арсенал

Шведскиот милијардер Даниел Ек, чие богатство според списанието „Форбс“ се проценува на 3.5 милијарди фунти, потврди дека посакува да го купи англискиот фудбалски клуб Арсенал.

Англиските медиуми тврдат дека Ек е подготвен да инвестира две милијарди фунти за да ја преземе сопственоста на клубот од северен Лондон од американскиот милијардер Стан Кронке.

Ек, кој е извршен директор на шведската музичка платформа „Spotify“ според информациите од Англија ја има поддршката од фудбалските легенди на Арсенал, Тјери Анри, Патрик Виера и Денис Бергкамп.

Според истите извори, трите поранешни ѕвезди на Арсенал ќе се вратат во клубот како дел од раководните структури во случај Ек да стане нив сопственик на премиерлигашот.

ЕУРО 2020

Македонија