понеделник, 29. ноември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Шведска без Ибрахимовиќ против Косово и Грција

Шведска без Ибрахимовиќ против Косово и Грција

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, кој доби повик во репрезентацијата за октомврискиот циклус во мундијалските квалификации, сепак, нема да биде во комбинација за дуелите против Косово и Грција идната недела поради повреда на Ахиловата тетива, соопшти синоќа Шведската фудбалска федерација.

– За жал, Златан не e целосно подготвен за да може да игра идната недела.Штета за нас, но штета и за Златан, изјави шведскиот селектор Јане Андерсон.

Напаѓачот на Милан и најдобар стрелец во репрезентацијата, со 62 голови на 118 натпревари, кој денеска го прославува својот 40. роденден, во март ја прекина „репрезентативната пензија“ долга речиси пет години, за да настапи на ЕУРО2020, но мораше да се откаже од тоа натпреварување поради повреда на коленото.

Коронавирус