петок, 4. декември 2020. Вести денес: 31
home Фудбал

Штутгарт го официјализираше Чурлинов, договор до 2024 година!

Штутгарт го официјализираше Чурлинов, договор до 2024 година!

Дарко Чурлинов и дефинитивно стана дел од Штутгарт. Тој денеска го комплетираше трансферот од Келн, и потпиша договор со „Швабите“ до крајот на јуни 2024 година.

Чурлинов доби шанса само на еден меч за Келн, и бараше да игра повеќе. Но, откако тоа не го доби, се реши да си замине и да се пресели во Штутгарт. Тој е третиот македонски фудбалер кој ќе игра во овој тим по Митко Стојковски и Срѓан Захариевски.

Чурлинов во новиот тим ќе го носи бројот 19.

Коронавирус