сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 13
home Фудбал

Штогер не очекува продолжување на договорот со Дортмунд

Штогер не очекува продолжување на договорот со Дортмунд
epa06385834 Dortmund's head coach Peter Stoeger reacts during the German Bundesliga soccer match between FSV Mainz 05 and Borussia Dortmund in Mainz, Germany, 12 December 2017. EPA/HASAN BRATIC (EMBARGO CONDITIONS - ATTENTION: Due to the accreditation guidelines, the DFL only permits the publication and utilisation of up to 15 pictures per match on the internet and in online media during the match.)

Борусија Дортмунд одби да објави дали нејзиниот тренер Питер Штогер ќе биде ослободен од своите обврски по крајот на сезоната или не.

Според весникот „Билд“, Австриецот дефинитивно нема да ја продолжи кариерата во „жолто-црниот“ клуб од новата сезона, откако неговиот краткорочен договор ќе истече во јуни. Шефот на француска Ница – Швајцарецот Лусиен Фавр е одредуван од некои локални медиуми како сигурна негова замена тренерската клупа.

– Ние секогаш сме велеле дека Петер Штогер е првиот човек со кого ќе разговараме. Засега не сме воделе разговор во однос на прашањето како гледаме на иднината, па затоа е логично уште да нема решение, изјави медиумскиот директор на клубот од Дортмунд, Саша Флиге за „ДПА“.

Актуелниот тренер беше назначен со краткорочен договор во декември на местото на разрешениот Петер Бос, набргу откако самиот Штогер беше отпуштен од Келн.

Австриецот направи солиден старт, но поразите од Баерн Минхен и Шалке 04 го испратија тимот на Борусија на четврто место и со опасност да ја пропуштат Лигата на Шампионите на есен. Но, и самиот тој очекува договорот да не се обновува, најмногу поради елиминацијата од Лига Европа.

– Мојот договор завршува на 30 јуни. Не сум загрижен за тоа, рече Штогер за телевизијата „ВДР“.

Коронавирус