недела, 5. декември 2021. Вести денес: 47
home Фудбал

Што се случува со Рамос: Му пропадна најавеното деби за ПСЖ

Што се случува со Рамос: Му пропадна најавеното деби за ПСЖ

Шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос нема да дебитира за ПСЖ ни во петок на мечот против Лил, пренесуваат медиумите во Франција.

ПСЖ ова лето во своите редови донесе голема ѕвезда на европскиот фудбал, а сите кои пристигнаа минатото лето, веќе дебитираа за ПСЖ, освен Рамос.

Се очекуваше, па дури и беше најавувано неговото дерби ова коло во Франција, но сепак тоа нема да се случи на 29 октомври.

Последен пат Рамос на терен беше 5 мај, во мечот од полуфиналето во ЛШ, каде Реал загуби од Челси, а во меѓувреме заработи повреда на бутниот мускул и долниот дел од грбот, по што се уште не е целосно подготвен.

ПСЖ по 11. кола е на прво место во Лига 1, со освоени 28 бодови, седум повече од Ленс кој е на второто место со девет бодови повеќе од третопласираната Ница.

Коронавирус