петок, 18. септември 2020. Вести денес: 162
home Фудбал

Што се случува кај „Росонерите“? Фабио Капело пристигна во „Каза Милан“

Што се случува кај „Росонерите“? Фабио Капело пристигна во „Каза Милан“

Екипата на Милан на одличен начин ја заврши сезоната во Серија А. „Росонерите“ играа како препородени по продолжението на сезоната и вистинска штета за нив е што од стартот на сезоната не беа така добри, бидејќи сега сигурно ќе имаа обезбедено место во Лигата на шампионите.

Сепак, за следната сезона навивачите на клубот сигурно очекуваат подобри резултати. Веќе се разговара со потенцијалните засилувања, а екипата и понатаму ќе ја води Стефано Пиоли.

Овој стручњак би можел да има голема помош и во техничкиот дел. Денеска во „Каза Милан“ пристигна славниот Фабио Капело и наводно е во преговори за преземање на одредена улога во клубот.

Славниот стручњак се задржа час и половина во „Каза Милан“. Се претпоставува дека тој би можел да има одредена улога во клубот од следната сезона, но сите се уште молчат кога станува збор за официјална изјава.

Капело има одличен однос со раководството на „Росонерите“, особено со Паоло Малдини, а легендарниот стручњак исклучително ја цени и работата на Стефано Пиоли.

Коронавирус