среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 93
home Фудбал

Што гледаше судијата: Две топки на теренот пред пеналот за Англија (видео)

Што гледаше судијата: Две топки на теренот пред пеналот за Англија (видео)

Холандскиот судија Макеле беше главен фактор за триумфот на Англија на синоќешното полуфинале против Данска, тој досуди во најмала рака сомнителен пенал откако Стерлинг падна во противничкиот шеснаесетник, а во меѓувреме се појавија и нови „докази“ дека Макеле направил уште еден голем превид при таа ситуација.

Имено, десетина секунди од акцијата на Англија што резултираше со пеналот на теренот имаше две топки, за трагедијата да биде поголема Стерлинг во дриблингот мина во непосредна близина на онаа што не беше дел од акцијата, но судијата наместо да го прекине мечот реши играта да продолжи, за веднаш потоа да покаже на белата точка.

„Не знам што се случи. Стоев крај аут-линијата и јасно го слушнав четвртиот судија како му кажува на главниот арбитар дека има топка плус на теренот. Правилата се јасни, играта мора да биде прекината. Не знам од кои причини реши да не ги почитува правилата, а веднаш потоа следеше оној сомнителен пенал. Едно е да загубиш во фер-борба, но ова беше нешто сосема поинакво и затоа боли уште повеќе“, изјави данскиот селектор по натпреварот.

Локални избори 2021