четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Фудбал

Што е следно за Кристијан Ериксен?

Што е следно за Кристијан Ериксен?

Првите два дена поминаа во знакот на данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен кој на вчерашниот натпревар против Финска, колабира и падна на теренот на стадионот „Паркен“ по што лекарите се бореа за неговиот живот.

Според информациите од Данска, срцето на фудбалерот на Интер „му застанало“ на пет минути, но по интервенцијата на медицинскиот тим, како и на капитенот Симон Кјаер, животот на Ериксен е спасен.

Како што стојат работите, се чини дека ова е крај на фудбалската кариера на Кристијан Ериксен. Водечкиот британски кардиолог Скот Мареј вели дека во Италија постои закон според кој се забранува по сериозни срцеви проблеми, спортистите да ги продолжат кариерите. Благодарение на тој закон, Италија за неколку децении успеа да ја намали смртноста на спортските терени по срцеви проблеми под 1%. Италија има еден од најразвиените системи во светот за прегледи на спортистите, што покажува колку срцевите аномалии се непредводливи.

Заега јасно е дека Ериксен ќе биде под контрола на лекарите и дека во наредните денови ќе бидат извршени детални предледи за да се дознае што му се случи за да може фудбалерот да ја добие потребната терапија. Покрај тоа, ќе се дознае и колкаво е оштетувањето на срцевиот мускул, а можно е на Ериксен да му биде вграден дефибрилатор, апарат кој ги следи отчукувањата на срцето и реагира доколку истото застане.

Тоа сигурно ќе значи и крај на професионалната кариера на Ериксен, но најважно од се е што тој остана жив.

Коронавирус