недела, 27. септември 2020. Вести денес: 24
home Фудбал

Шпанскиот Суперкуп ќе биде фијаско: Продадени само 9 отсто од билетите

Шпанскиот Суперкуп ќе биде фијаско: Продадени само 9 отсто од билетите

Шпанскиот Суперкуп наместо да се одигра традиционално летото пред почетокот на Ла Лига, оваа сезона се игра во нов формат во кој учествуваат четири екипи.

Полуфиналињата и финалето ќе се играат неделава во Саудиска Арабија, поточно во Џеда на стадионот „Крал Абдула“. Шпанската фудбалска федерација ја очекува вистински дебакл околу посетата, бидејќи за полуфиналните натпревари вкупно се продадени само 9 отсто од билетите.

Стадионот има капацитет од 62.000 гледачи, но очигледно нема голем интерес помеѓу фановите иако првиот натпревар се игра во среда. „Ел Мундо Депортиво“ информира дека Атлетико Мадрид продал само 50 билети од оние што му следуваат на клубот. Валенсија има уште покатастрофална продажба од само 26 билети, Барселона и Реал Мадрид продале нешто повеќе. Каталонците 300 билети, додека „кралевите“ 700.

Весникот тврди дека овие билети се купени од навивачи од Азија, односно Саудиска Арабија и дека речиси никој од Шпанија нема да патува во оваа азиска земја. Авионскиот билет чини 600 евра, а хотелското сместување за една недела речиси 1.000 евра, па затоа шпанските навивачи немаат интерес да го гледаат Суперкупот.

Првото полуфинале се игра во среда помеѓу Реал Мадрид и Валенсија, додека следниот Барселона се среќава со Атлетико Мадрид. Победниците во недела ќе се сретнат во големото финале.

Коронавирус