недела, 29. март 2020. Вести денес: 41
Во живо

Во 12 часот прес-конференција на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

home Фудбал

Шпанскиот голман кој имаше коронавирус симптомите ги спореди со удар од камион

Шпанскиот голман кој имаше коронавирус симптомите ги спореди со удар од камион

Шпанскиот голман Пепе Реина, како што самиот призна, имал симптоми на коронавирус, а во разговор за радио „Кадена Сер“ и ги опиша какви биле.

-Ги имав сите симптоми – сува кашлица, температура и отежнато дишење. Се чувствував како да ме удрил камион, рече Реина.

Шпанецот кој е на позајмица од Милан во Астин Вила истакна дека постапил одговорно во ситуацијата и ги презел сите мерки на самоизолација.

-Бев одвоен од семејството, се изолирав во целост. Сега се чувствувам подобро, но тоа искуство беше навистина тешко. Не ми е важно кога ќе продолжи да се игра фудбал. Ова е тешко време и ние фудбвалерите немаме право да се жалиме. Ги имаме сите услови да останеме дома, а вистински херои се оние кои живеат во 70 квадрати со три деца и се соочуваат со финансиски проблеми“, додаде Реина.