недела, 5. декември 2021. Вести денес: 91
home Фудбал

Шпански клубови нудат 30 милиони за Миленковиќ

Шпански клубови нудат 30 милиони за Миленковиќ

Неколку клубови во Шпанија се подготвени да платат 30 милиони евра за трансфер на српскиот фудбалер Никола Миленковиќ од Фиорентина, објави „Кориере дело Спорт“.

Младиот фудбалер го привлече вниманието на екипи од Примера, само една сезона по неговото доаѓање во Италија.

Тој во Фиорентина дојде од Партизан за 5,1 милиони евра.

Овој 20-годишен дефанзивец одигра 11 натпревари во Серија А и драстично ја зголеми неговата пазарна вредност.

Коронавирус