среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 113
home Фудбал

Шпанската федерација нема да дозволи одржување на натпревар од Ла Лига во САД

Шпанската федерација нема да дозволи одржување на натпревар од Ла Лига во САД

Претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, истакна дека натпревари од Ла Лига нема да се одржат во САД.

Оваа идеја е промовирана од претседателот на првенството Хавиер Тебас, кој веќе склучи договор со компанија која е подготвена да организира одделни натпревари преку океанот.

Веќе постои и договор да се одржи натпревар меѓу Жирона и Барселона на 26 јануари во Мајами.

Сепак, на оваа идеја му се спротивставија шпанската Федерација, сојузот на играчи и ФИФА.

– За мене приказната за Мајами е минато. Немам ништо повеќе што да кажам за ова. Ниту една од организациите чие одобрување за оваа идеја е потребно не даде зелено светло. Ова е веќе застарена вест. Немам што да му кажам на Тебас. Го почитувам, но сакам и мене да ме почитуваат. Неопходно е да се земат предвид сите мислења. Федерацијата е одговорна и за лигата и за клубовите. Можеби односот меѓу нас не е толку топол, но мора да работиме заедно за доброто на фудбалот, изјави Рубиалес.

МИА