петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Фудбал

Шпанија не успеа да му даде гол на Египет на стартот од Олимписките игри

Шпанија не успеа да му даде гол на Египет на стартот од Олимписките игри

Шпанија и Египет одиграа без голови, 0-0 на стартот од фудбалскиот турнир на Олимпијадата во Токио.

Шпанија беше огромен фаворит во дуелот со Египет, имаат одличен состав во кој се играчи како Педри, Асенсио, Ојарзабал, Олмо, Себаљос, Пау Торес, Ерик Гарсија, Мигуеза… но и покрај тоа не стартуваа како што посакуваа.

Во првото полувреме Себаљос ја погоди стативата, а во финишот од мечот Педри имаше шанса со глава, но голманот на Египет одбрани.

Шпанија е во група со Египет, Аргентина и Австралија, првите две селекции одат во четвртфиналето.

Коронавирус