среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 23
home Фудбал

Шпанија без Серхио Рамос на ЕП

Шпанија без Серхио Рамос на ЕП

Серхио Рамос е една од најголемите ѕвезди кои ќе го пропуштат Европското првенство (ЕП). Селекторот на Шпанија, Луис Енрике реши да не го повика во репрезентацијата и тоа многумина ги изненади.

На прес-конференцијата селекторот на „црвената фурија“ објасни зошто не го повикал капитенот на Реал Мадрид.

„Долго размислувавме за оваа одлука. Во неделата имавме приватен разговор. Не беше лесно, но морам да реагирам во интерес на репрезентацијата. Рамос не е во состојба да тренира и да игра. Беше многу тешко, но во иднина може да биде член на селекцијата, тој е професионалец“, вели Енрике.

Коронавирус