сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 95
home Фудбал

Шпанците тврдат: Рамос го напушта Реал Мадрид!

Шпанците тврдат: Рамос го напушта Реал Мадрид!

Сагата околу одлуката на Рамос да продолжи со кариера сè уште трае.

Имено, според шпанските медиуми, Рамос сериозно размислува да го напушти Реал Мадрид, а голем број понуди што ги има се во негова корист.

ПСЖ веќе одговори со конкретна понуда, а има и понуди од еден клуб од Италија, и неколку клубови од Англија.

На Рамос не му се допаѓа ситуацијата во која се наоѓа моментално Реал Мадрид, а бидејќи неговиот договор наскоро ќе истече, идеален момент е да си замине, доколку тој сака.

Од друга страна, челниците на Реал Мадрид сè уште се борат со големиот „минус“ кој пристигна како резултат на пандемијата на коронавирусот.

Поради сето тоа, како што пренесуваат шпанските медиуми, управата на клубот ќе побара од играчите ново намалување на платата, а останува да се види дали тоа ќе биде прифатено.

Коронавирус