среда, 14. април 2021. Вести денес: 2
home Фудбал

ШОКАНТНИ СНИМКИ: Легендарниот Пеле заглавен во инвалидска количка и едвај се движи (ФОТО+ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СНИМКИ: Легендарниот Пеле заглавен во инвалидска количка и едвај се движи (ФОТО+ВИДЕО)

Славниот Едсон Арантес до Насименто или познат како Пеле (80) доби свој документарец кој што се емитува на платформата на Нетфликс.

Преговорите со славниот Бразилец траеле осум месеци, а во филмот прикажани се негови интервјуа, како и негови блиски личности. Документарецот открива до сега неоткриени работи.

Посебен шок беше моментот кога Пеле се појави во инвалидска количка. Неговиот син Едињо потврди дека Пеле едвај се движи и дека добар дел од времето го поминува во инвалидска количка.

-Има проблем со движењето што на некој начин го „става“ во депресија. Замислете, тој беше крал, секогаш беше влијателна личност, а денеска не може да оди. Се срами, не сак да излегува или да прави било што, вклучувајќи го и излегувањето од дома. Доста е повлечен, изјавил Едињо.

Коронавирус