петок, 4. декември 2020. Вести денес: 84
home Фудбал

Шокантна изјава на мајката на младиот фудбалер кој беше пронајден мртов

Шокантна изјава на мајката на младиот фудбалер кој беше пронајден мртов

Младиот фудбалер на Локомотив Москва, 18- годишниот Алексеј Ломакин, е пронајден мртов, а деталите за трагедијата сè уште не се познати, соопштија од рускиот клуб.

-Ние сме шокирани од трагедијата, чии детали се испитуваат. Сочувство за неговото семејство и пријателите, се вели во соопштението на московскиот тим.

Русинот исчезнал во петокот, а неговата мајка го пријавила исчезнувањето во полиција. Тој се упатил кон тренинг- кампот на Локомотив, и оттогаш му се губи секаква траги. Ломакин бил на третман за повредата што ја добил во ноември.

Неговата мајка изјавила дека тој се дрогирал со капки за очи, односно повремено ја користел медицинската супстанца тропикамид, која го правела абнормално да се однесува.

Оваа супстанца во Русија се злоупотребува како евтина делириумска дрога и може да се најде во капките за очи.

Инаку, сезонава тој дебитираше за првиот тим, а со младинската екипа учествуваше и во Лигата на шампионите.

Коронавирус