петок, 24. септември 2021. Вести денес: 13
home Фудбал

Шок за Манчестер јунајтед на стартот од ЛШ, пораз од Јанг бојс! (ВИДЕО)

Шок за Манчестер јунајтед на стартот од ЛШ, пораз од Јанг бојс! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со пораз од Јанг Бојс ја почна новата сезона од Лигата на шампионите, Севиља и Салцбург одиграа нерешено 1-1.

Манчестер јунајтед беше голем фаворит на гостувањето кај Јанг Бојс, но тимот на Оле Гунар Солшер одигра очаен меч и заслужено загуби со 2-1.

Натпреварот почна идеално за Јунајтед, во 13. минута прекрасна асистенција од Бруно Фернандеш до Кристијано Роналдо кој погоди за водство од 1-0.

Нештата се променија во 35. минута кога Ван Бисака доби директен црвен картон и Манчестер јунајтед остана со фудбалер помалку на теренот.

Иако квалитетот меѓу двата тима е толку голем да Јунајтед не смее да си дозволи да се почувствува разликата од еден играч на теренот, тие им дозволија на домаќините тотална доминација на теренот.

Беше прашање на време само кога ќе примат гол, тоа се случи во 66. минута кога Моуми Нгамалеу израмни на 1-1.

Брзо потоа Солшер направи дефанзивна измена, на местото од Бруно Фернандеш и Роналдо, во игра ги стави Матиќ и Лингард. Сликата на теренот остана иста, Јанг бојс напаѓаше кон втор гол, Јунајтед се бранеше.

Во 95. минута Сиебачеу искористи една голема грешка на Лингард и постигна гол за победа од 2-1 на Јанг бојс.

Севиља и Салцбург одиграа меч со лудо прво полувреме во кое беа досудени дури четири пенали.

Гостите добија три пенали од кои реализираа само еден, Адејеми промаши во 13. минута, Шучиќ погоди во 21. минута, а промаши во 37та.

Во 42. минута беше досуден пенал и за Севиља кој го реализираше Ракитиќ за 1-1.

По пет минути игра Севиља остана со играч помалку откако Ен Несири заработи втор жолт картон поради симулирање.

Коронавирус