понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 147
home Фудбал

Шок за Македонија: Енис Барди нема да игра против Словенија и Полска!

Шок за Македонија: Енис Барди нема да игра против Словенија и Полска!

Голем шок за Македонија и селекторот Игор Ангеловски доаѓа од Шпанија, откако еден од најдобрите македонски фудбалери Енис Барди се повредил и ќе мора да паузира во следните три недели, што значи дека ќе ги прескокне мечевите со Словенија во Скопје и со Полска во Варшава, два клучни за нашите аспирации да го дофатиме второто место кое носи директна виза за Евро 2020.

Како што објави шпански Леванте , Барди има повреда на задниот дел на мускулот од прв степен и ќе мора да паузира во следните три недели. Сооглед дека собирот на макеоднската репрезентација е на 7 октомври, за две недели отсега, практично фудбалерот за врска нема да може да и помогне на репрезентацијата.

„Енис Барди има муслулна повреда од прв степен на задниот дел на бутот од десната нога. Се очекува Барди да мус е стави на располагање на тренерот за три недели“, објави Леванте.

Ова значи дека ќе ги прескокне мечевите со Бетис, Осасуна и дербито со Валенсија, а нема да биде повикан за националниот тим.

Повредата на Барди доаѓа во незгоден момент, откако и Дарко Велковски се повреди и сигурно ќе отсуствува до месец ипол поради обновување на повредата на задната ложа, додека Стефан Ристовски кој се рехабилитира, би можел да биде на списокот, но прашање е колку би бил корисен зашто сè уште не е во полн тренажен процес.