недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Шок за Атлетико пред заминувањето за Лисабон: Двајца имаат коронавирус

Шок за Атлетико пред заминувањето за Лисабон: Двајца имаат коронавирус

Шпанскиот фудбалски клуб Атлетико Мадрид соопшти дека има двајца инфицирани со ковид-19 пред заминувањето за Лисабон каде треба да се игра завршницата во Лигата на шампионите.

На Ф8-турнирот, „јорганџиите“ на Симеоне треба да играат со РБ Лајпциг, а засега нема информација дали се работи за играчи, за членови на стручен штаб, или за некои други членови на екипажот.

Двајцата се моментално во самоизолација, а тестовите биле направени во текот на вчершаниот ден. Клубот е во комуникација со шпанските и португалските власти и најавено е дека ќе се следи протоколот.

Најавен е нов план на Атлетико, кој наскоро ќе биде презентиран пред јавноста.

Коронавирус