понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 33
home Фудбал

ШОК во ПСЖ: Првиот човек на клубот оди две години во затвор

ШОК во ПСЖ: Првиот човек на клубот оди две години во затвор

Насер Ал-Келаифи, првиот човек на ПСЖ и претседател на „beIn Sports“, телевизиската куќа која купи ТВ-права за Светското првенство, може да добие две години затвор.

Имено, сè ова може да се случи поради коруптивни постапки при доделување на ТВ-права за Светското првенство.

Сè беше предадено на швајцарското обвинителство во Белинзона, а покрај предлогот за две години затвор за Насер Ал-Келаифи, три години затвор беа предложени и за поранешниот главен адвокат на ФИФА, Џером Валке.

Ова е првпат да се бараат затворски казни за вакви работи, па останува да видиме каква ќе биде пресудата на крајот.

Коронавирус