Амбасадорот на СП во Саудиска Арабија во Велика Британија изјави дека Мундијалот во 2034 година дефинитивно ќе мине без консумирање алкохол!
Оваа азиска земја строго забранува пиење алкохол и продажба во продавниците, па и покрај напорите на многу организации за евентуално организирање на фан-зони со пиво и друг алкохол, тоа сепак нема да се случи.
„Во овој момент нема разговори за специјални фан-зони со алкохол. Мислам дека нема да го копираме Катар и ќе се придржуваме до нашите строги закони. До Мундијалот има многу време, но не верувам дека нешто ќе се промени во овој сегмент“, изјави принцот Калид Бин Садар.