среда, 8. декември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Шок исповед на Патрис Евра: Ме зл*ставуваа кога имав 13 години

Шок исповед на Патрис Евра: Ме зл*ставуваа кога имав 13 години

Поранешниот француски репрезентативец, дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и ПСЖ, Патрис Евра открил дека бил зл*ставуван кога имал 13 години.

Евра за време на школувањето бил далеку од своето семејство, а на 13 години во својот дом го примил директорот на училиштето кое го посетувал.

Весникот Тајмс, објави неколку делови од автобиографијата „Ја сакам оваа игра“ на познатиот фудбалер.

-Ми беше срам да признаам дека сум се*суално зл*ставуван. Не сакам и други деца тоа да го доживеат, напиша Евра.

Фудбалерот престојувал три ноќи неделно во домот на својот наставник.

Евра успеал да ја убеди мајка му да го држи што подалеку од наставникот, не објаснувајќи и зошто, а и признал што точно се случувало пред неколку дена.

-Тоа беше тешко време за мене. Се уште не сум им кажал на сите и не сакам луѓето да ме жалат. Ниеднамајка не сака да слушне вакво нешто од своето дете. За неа беше шок. Ми беше срам од реакцијата на луѓето и се плашев што ќе кажат. Не сакам децата да бидат во мојата ситуација, да се срамат самите од себе и да сметаат дека не се храбри. Не е работата во храброста, туку во психилошката подготвеност да се зборува за тоа. Секогаш себеси се обвинував за тоа. Не се срамам да кажам дека со години се однесував како кукавица бидејќи не зборував за тоа. Сега ова не го правам поради себе, туку поради другите деца, вели Евра.

Фудбалерот открива дека кога имал 24 години бил контактиран од страна на полицијата во врска со овој случај, но одлучил ништо да не зборува за тоа да не се одрази на неговата кариера.

Коронавирус