понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 59
home Фудбал

Шмајхел: Бевме подобри и требаше да победиме уште во основниот дел

Шмајхел: Бевме подобри и требаше да победиме уште во основниот дел

Голманот на Данска, Каспер Шмајхел не можеше да поверува дека неговата репрезентација е елиминирана од Мундијалот по таков одигран натпревар со Хрватска.

Тој смета дека Данците заслужиле да одат понатаму и дека биле подобриот ривал.

– Не можам да најдам зборови после ваков исход. Бевме подобри и требаше да победиме уште по основните 90 минути. Го одигравме најдобриот натпревар на првенството имавме контрола на играта, но се случи тоа што се случи. Пеналите секогаш се лотарија, истакнува Шмајхел.

Данскиот голман ја спаси својата репрезентација на пет минути пред крајот на второто продолжени кога го одбрани пеналот на Модриќ, имаше две успешни интервенции и во пенал серијата, но и тоа не беше доволно Данска да избори четвртфинале.

МИА

Коронавирус