понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Фудбал

Шкупи триумфира против Академија Пандев и се искачи на врвот на ПМФЛ

Шкупи триумфира против Академија Пандев и се искачи на врвот на ПМФЛ

Скопски Шкупи се врати на врвот на прволигашката табела откако избраниците на Гоце Седлоски со фуриозен финиш славеа со 3-1 на гостувањето против Академија Пандев.

Двата тима влегоа со по 14 бода во овој дуел, а „пандевци“ имаат за што да жалат бидејќи до 12 минути до крајот имаа водство од 1-0, при кој не реализираа и убава шанса за втор погодок.

Пресвртот се случи откако одбраната на „пандевци“ за момент заспа, „резервистот“ Ѓоргиевски втрча од позадина и го совлада домашниот голман.

Овој момент како да ги исфрли од ритам домашните фудбалери, а Шкупи знаеше како да го искористи тоа и постигна уште два гола до крајот на мечот во Струмица.

Двата беа дело на Алварез, со што гостите од Скопје прокнижија три бода на овој „жежок терен“ против силен противник.

Шкупи моментно е првопласиран на табелата со 17 бода, исто толку има и Ренова, додека Академија Пандев е четвртопласирана со три бода заостанување зад водечките.

Локални избори 2021