сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 94
home Фудбал

Шкендија вечерва загуби од Мура

Шкендија вечерва загуби од Мура

Македонскиот првак Шкендија загуби вечерва во Скопје од словенечката екипа Мура со 0:1 (0:1) во првиот натпревар од првото квалификациско во Лигата на шампиони.

Пред 3.200 гледачи на Националната арена „Тодор Проески“, словенечкиот шампион стекна почетна предност во двомечот со Шкендија со голот во 28 минута од пенал на Лука Бобичанец.

Шкендија во завршната минута од првото полувреме можеше да возврати на идентичен начин, но Бесарт Ибраими биеше непрецизно од белата точка.

На водството на словенечкиот шампион претходеше гол што го постигна Љупче Дориев во 17 минута, а португалскиот судија Антонио Карваљо го поништи досудувајќи претходно слободен удар за тетовската екипа.

Македонскиот шампион одигра офанзивно во вториот дел, но обидите на Мевљан Мурати, Ибраими и Игор беа непрецизни.

Судиското продолжение донесе две колосални шанси за израмнување, но и во двата наврати голманот на Мура, Матко Обрадовиќ, на брилијантен начин ги одбрани ударите на Рубин Хебај и Егзон Бејтулаи.

Реваншот е идниот вторник во Мурска Собота. (МИА)

Коронавирус