Фудбал

Шкендија, Вардар и Работнички ќе бидат домаќини на Националната арена во ЛШ и КЛ

Шкендија, Вардар и Работнички ќе бидат домаќини на Националната арена во ЛШ и КЛ

Македонските клубови се подготуваат за настап во европските купови. Шкендија ќе игра против ТНС од Велс во првото претколо на Лигата на шампионите. Тетовчани прво гостуваат, а потоа реваншот го играат како домаќин и тоа на нашиот најголем стадион „Тодор Проески“ на 15 јули во 20:30 часот.

Три од четирите наши претставници ќе играат на Националната арена во првото коло. Прв дома ќе игра Вардар и кој на 10 јули во 20:30 часот ќе го дочека аутсајдерот Ла Флорита.

Само Силекс за домашен го пријави теренот на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“ за својот реванш со Дечич/

Предност да игра на „Тодор Проески“ доби  иРаботнички  кој и дел од првенствените натпревари ги игра на овој стадион. „Романтичарите“ ќе го дочекаат Торпедо Белаж на 17 јули во 18:00 часот на нашиот најголем стадион.

Според информациите, при евентуален пласман во второто коло на македонските тимови ќе дојде до проблем. Причината за такво нешто е зафатеноста на Националната арена со атлетските натпревари од ЕМОФ – Младинската олимпијада во  Скопје,

To top