вторник, 2. март 2021. Вести денес: 174
home Фудбал

Шкендија се пофали, доби засилување со албански голгетер

Шкендија се пофали, доби засилување со албански голгетер

Есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига Шкендија ги засили своите редови за пролетниот дел на сезоната со албанскиот напаѓач Рубин Хебај.

Шкендија соопшти попладнево дека е потпишан двеиполгодишен договор со Хебај, кој во екипата од Тетово доаѓа од редовите на албанскиот прволигаш Теута.

Поранешниот младински репрезентативец на Албанија претходно во кариерата настапуваше и за словенечката екипа Домжале и украинскиот прволигаш Ворскла.

– Ветувам дека ќе го дадам својот максимум да и помогнам на Шкендија во освојување на шампионската титула, порача Хебај за клупскиот сајт. (МИА)

Коронавирус