Фудбал ПМФЛ

Шкендија ремизираше против Струга ТЛ, Работнички и Силекс ги поделија бодовите

Шкендија ремизираше против Струга ТЛ, Работнички и Силекс ги поделија бодовите

Поради двете службено добиени натпревари ова попладне, во Првата македонска лига се играше фудбал само на три стадиони, а вниманието посебно го привлекоа натпреварите на кои играа главните конкуренти за титулата.

Шкендија отпатува за Струга и повторно не успеа да победи крај Охридското езеро, но освоениот бод против актуелниот првак ги доближува тетовските „црвено-црни“ до посакуваната титула во домашниот шампионат.

И на петтиот натпревар оваа сезона, Шкендија не најде решение за Струга и не успеа да победи, но денеска успеа да спаси барем бод и да одигра 1:1.

Латифи во 81-та минута одговори на голот кој го постигна Спировски, а тоа дефинитивно им оди во прилог на тетовчани со оглед на тоа што реми одигра и Силекс во Скопје.

Кратовчани не успеаја да го совладаат Работнички и одиграа 0:0, па на три кола пред крајот, ситуацијата на табелата останува статус-кво. Шкендија има четири бодови повеќе од Силекс, па дефинитивно зависи сама од себе во битката за највисок пласман.

На третиот натпревар ова попладне, Беса оствари огромна победа над Брера Струмица со 2:1, додека со службени резултати 0:3 славеа Пелистер и Тиквеш поради откажувањата на Гостивар и Воска.

Резултати 30. коло

Работнички – Силекс 0-0
Струга – Шкендија 1-1
Беса – Брера 2-1
Гостивар – Пелистер 0-3 (службено)
Воска – Тиквеш 0-3 (службено)

Вчера
Шкупи – Вардар 0-2

Табела: Шкендија 64, Силекс 60, Работнички 56, Струга 48, Гостивар 39, Вардар 38, Пелистер 35, Шкупи 34, Тиквеш 29, Брера 27, Беса 27, Воска 13.

To top