недела, 16. мај 2021. Вести денес: 61
home Фудбал

Шкендија прв финалист во Купот на Македонија

Шкендија прв финалист во Купот на Македонија

Шкендија е првиот финалист во Купот на Македонија, откако со 2:0 ја совлада Ренова во реванш натпреварот од полуфиналната фаза. Првиот натпревар заврши со реми 1:1, па поради тоа Ренова се надеваше за шанса.

Шкендија денеска покажа разлика во квалитет, а за победата и пласманот најзаслужен е Бесарт Ибраими.

Тој од слободен удар во 48. минута донесе водство од 1:0, а потоа во 62. минута изнуди пенал, што успешно го реализираше и да ја запечати победата и финалето во Купот.

Шкендија досега играше во четири финалиња и освои само еден трофеј и тоа во 2016 година кога го победи Работнички со 2:0 во финалето.

„Црвено-црните“ од Тетово сезонава ќе имаат шанса да се борат за двојна круна, а во финалето ќе се сретнат со подобриот од дуелот меѓу Академија Пандев и Пелистер.

Коронавирус