петок, 10. јули 2020. Вести денес: 170
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

Во живо

Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Пехчево

home Фудбал

Шкендија потврди дека има двајца заболени: Тие се изолирани, но ќе прават втор тест!

Шкендија потврди дека има двајца заболени: Тие се изолирани, но ќе прават втор тест!

Актуелниот македонски шампион Шкендија потврди денеска дека има двајца заболени од коронавирус, откако Синдикатот на фудбалери во Македонија (СФМ) попладнево информираше за вкупно шест случаи на Ковид-19 во двата тетовски прволигаши, двајца кај „црвено-црните“ и четворица во таборот на Ренова.

Од Шкендија со соопштение за јавноста објавија дека двајцата членови на новниот клуб, кои остануваат анонимни, се изолирани, но дополнителни тестови ќе им бидат направени за да се потврди веродостојноста на тестирањето што вчера им беше направено, а денеска ги шокираше.

„Шкендија сака да ја извести јавноста дека вчера во соработка со Синдикатот на фудбалери (СФМ), кој уште од поодамна најави тестирање на фудбалерите, беше спроведено тестирање и за жал денеска од СФМ и од приватната клиника Аџибадем Систина добивме информација за двајца позитивни на Ковид-19. Во интерес на релевантноста на резултатите, клубот експресно стартуваше процедура за второ тестирање на двајцата позитивни членови.

Следејќи ги инструкциите на релевантните институции, двајцата позитивни наши членови се изолирани според препораките, а клубот ги чека следните чекори во координација со Фудбалската федерација на Македонија и со Институтот за јавно здравје“, објави Шкендија, посочувајќи дека за случајов повеќе нема да коментираат.

Шесте заболени во Тетово не се само фудбалери, туку и вработени во клубот, па во Ренова има двајца играчи, член на стручен штаб и еден вработен, додека за Шкендија засега не е познато за кои станува збор, дали се фудбалери, членови на стручен штаб или вработени.

ФФМ ги чека препораките од Институтот за јавно здравје и колку други од двата таботи ќе одат во изолација поради примарни контакти, иако двата клуба од пред неколку дена веќе колективно тренираа, па шансите за проширување на заразата во тимовите е многу поголема.

Откако Синдикатот на фудбалери почна да спроведува масовно тестирање во клубовите (фудбалери, стручен штаб, вработени), до вчера пет клубови беа „корона-фри“, Македонија ЃП, Работнички, Академија Пандев и Борец од прволигашите, како и второлигашот Брегалница, кој е тестиран зашто е полуфиналист во Купот на Македонија.

Парламентарни избори 2020