недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Фудбал

Шкендија подготвена да ја анулира негативата со Розенборг

Шкендија подготвена да ја анулира негативата со Розенборг

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија со оптимизам го дочекува реваншот во плејофот за Лига Европа против норвешки Розенборг.

Тренерот Ќатип Османи најави офанзивна игра исто како што беше на првиот дуел во Норвешка каде Розенборг победи со 3:1.

– Достижни се тие два гола предност што ги има противникот. Имаме квалитет да го поминеме Розенборг и да се пласираме во Лигата на Европа. Подготвени сме за секаков исход, па и за продолженија. Ќе играме офанзивно, како што Шкендија покажа дека може да игра во досегашните настапи од почетокот на сезоната. И они имаат слаби точки. Ако играме брзо и ако на преден план ни е колективната игра, резултатот нема да изостане. Тука ја гледам нашата шанса, изјави Османи на денешната прес-конференција.

Напаѓачот Бесарт Ибраими вети беспоштедна борба на целиот тим.

– Трипати играме плејоф и верувам дека сега ќе успееме. Сите играчи треба да дадеме максимум за да сме чисти пред себе, а дали тоа ќе биде доволно ќе видиме по натпреварот, рече офанзивецот на „црвено-црните“ од Тетово.

Реваншот од плејофот за ЛЕ меѓу Шкендија и Розенборг ќе се на „Филип Втори“ во Скопје со почеток во 20 часот и 15 минути.