недела, 26. септември 2021. Вести денес: 38
home Фудбал

Шкендија ја прекина соработката со тренерот Ѓока

Шкендија ја прекина соработката со тренерот Ѓока

Ернест Ѓока повеќе не е шеф на стручниот штаб на македонскиот фудбалски шампион Шкендија. Соработката е прекината со заеднички договор.

-ФК Шкендија го соопштува прекинот на соработката со тренерот Ернест Ѓока. Двете страни заеднички се договорија дека разделбата во моментов е во најдобар чекор и за клубот и за тренерот.

Шкендија во оваа прилика им се заблагодарува на Ѓока и неговиот помошник Фатјон Тафај за придонесот даден во периодот кога беа дел од „црвено –црните“, водејќи го тимот кон титулата шампион на земјата во натпреварувачката сезона 2020/2021. Им посакуваме здравје и се најдобро во иднина, соопшти Шкендија.

Во следните денови, клубот ќе одлучи за новиот тренер на кој ќе му биде доверена клупата за сезоната 2021/22.  (МИА)

Коронавирус