сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Фудбал

Шкендија го совлада Вардар, Шкупи ремизираше против Академија Пандев

Шкендија го совлада Вардар, Шкупи ремизираше против Академија Пандев

Денеска се одиграа пет натпревари од 20.коло во Првата македонска фудбалска лига,каде дербито се одигра во Тетово ,помеѓу Шкендија и Вардар,на кој домаќините славеа со 2-1.

Домаќините стекнаа први водство, Вардарци не реагираа најдобро во дефанзивниот дел, топката беше украдена, по која Ибраими правовремено го пронајде Мурати кој од непосредна близина ја затресе мрежата уште во 15. минута.

Само што тргнаа од центарот, веднаш во следниот напад гостите успеаја да дојдат до израмнување преку Мирчевски. Конечните 2-1 ги поствви Алими во 62.минута со прекрасниот погодок од слободен удар.

На табелата Шкендија води со 45 бодови, осум повеќе од Шкупи кој на теренот на ФФМ ремизираше без голови со Академија Пандев во оваа коло .

Прва лига, 20 коло, резултати:

Сабота – Работнички – Силекс 1:1 (Прелчец 53`/Галевски 80`)

Недела – Беласица – Струга Трим Лум 1:2 (Каланоски 83` пенал/Алтипармаковски 26`, Лена 60`)
Македонија ЃП – Борец 0:0
Пелистер – Ренова 3:1 (Гудиаби 9`, Маневски 44` пенал, Размоски 55`/Алити 23`)
Шкендија – Вардар 2:1 (Мурати 15`, Алими 62`/Мирчевски 17`)
Шкупи – Академија Пандев 0:0

Табела:

1.Шкендија 45 бодови
2.Шкупи 37
3.Македонија ЃП 35
4.Струга Трим Лум 32
5.Работнички 28
6.Вардар 26
7.Борец 26
8.Силекс 23
9.Пелистер 22
10.Ренова 19
11.Академија Пандев 17
12.Беласица 12

Коронавирус